вторник, 26 мај 2026

Македонија ги исполни условите на ЕУ, решително ќе се насочам кон таа цел, му кажала Лирман на Димитров

Објавено на

часот

Сподели

Средбата на Димитров со Лирман е реализирана на крајот од неговата посета на Берлин и на вториот ден од стапувањето на министерската функција во новата германска влада предводена од канцеларот Олаф Шолц.

Димитров на Лирман ѝ кажал дека борбата за обединета, прогресивна Европа е наша заедничка борба, а дека на Германија гледа како на земја која е исклучително важен партнер и економски и политички и е еден столб на Европа.

„Македонското општество е подготвено за реформскиот процес за да ја доведеме дома истата Европа којашто вие ја живеете, тоа е задача на нашата генерација. Почетокот на пристапните преговори ќе ја насочи енергијата кон иднината и ќе нé направи победници во справувањето со современите предизвици како што се климатските промени и надминувањето на економскиот јаз преку продлабочена соработка, наместо кон минатото кое влече назад и во кое сите сме губитници. Нашиот случај е критично важен за позицијата на ЕУ во регионот во услови кога европскиот сон е разнишан, и многу важно за исполнување на целите на новата германска влада, меѓу кои е и Западниот Балкан”, нагласил Димитров на средбата со германската државна министерка за Европа Ана Лирман.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ