
„Меѓу другото, се бориме за сѐ помасовна употреба на уставното име усвоено со Референдумот од 1991 година, коешто формално правно е, и мора да биде во употреба, бидејќи промената на името после неуспешниот Референдум во 2018 е противуставна и спротивна на изразената волја на граѓаните.
Поради ова, на денешната седница во Општина Штип, претставникот на Левица во Советот, остро застана зад позициите на ставот на Партијата – свечената изјава да биде потпишана како што е пропишана во Законот за локална самоуправа – односно, со името Република Македонија.
Освен во Општина Штип, свечена изјава со правилното име – Република Македонија, беше потпишана и од страна на советниците на Левица во Општина Аеродром“, објави синоќа партијата на официјалниот Фејсбук профил.






