„Состојбата со градинките е стабилна и веќе цела година се одржува како таква. Денеска на реферирањето на утринскиот кризен штаб информирав дека само 13 воспитувачи и други вработени во градинките се позитивни во целата држава и само девет дечиња“, рече Шахпаска во одговор на новинарско прашање.
Дополнително, додаде дека во изминатите седум дена бил направен вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите. Извештајот на ДЗСИ, како надлежна инсттуција, покажал дека тие се почитуваат и оти поради тоа нема ширење на вирусот во градинките.
„Нивниот извештај, кој е испратен до Министерството за труд и социјална политика, покажува дека протоколите доследно се почитуваат и оти нема хоризонтална трансмисија на вирусот во градинките“, рече министерката Шахпаска.






