„Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. И тој убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување на одговорност. Заев повторно блефираше и остана на фејсбук оставка, но не ја достави со допис до парламентот. Оттука се гледа дека оставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност. СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните“, рече Ковачки.
Според него, тоа што сега може да се види кај СДСМе препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите и го постави прашањето дали е на видикот е уште една голема лага на Заев.






