„Мора да почнеме да пријавуваме корупција денес. Не зборуваме за пропаганда или за неосновани партиски обвинувања, туку за вистински аргументирани фактички ситуации и случаи. Да направиме коалиција – Владата, невладините организации, бизнис заедницата, науката, сите да се обединиме и да и застанеме на патот на корупцијата“, повика Груби и нагласи дека најважно е да има владеење на правото.
Тој рече дека корупцијата е „нашиот најголем непријател“ и закана за растот на сите економии, општества и демократии, која го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите.
„Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата“, рече првиот вицепремиер.
Според него, сите актуелни предизвици, ковид, Авганистан, Кина, Русија, 5Г, Блискиот Исток – произлегуваат од корупција.






