среда, 6 мај 2026

Касами: Случајот со отсуството на Реџепи доказ дека овој режим е подготвен на сѐ

Објавено на

часот

Сподели

„Немам информација каде се наоѓа Кастриот Реџепи, а немав никаква најава или сигнал од него дека ќе направи ваков потег“, рече Касами.

Лидерот на Беса нагласи дека неговата партија останува на ставот Владата да падне, оценувајќи дека овие случувања се само потврда дека власта е подготвена на сѐ за да остане на своите позиции.

„Додека не се слушнам или видам со Реџепи не можам да кажам што се случило, зошто е отсутен. Немам информација од вчера каде тој  се наоѓа. Или, додека самиот не се појави и не го каже својот став, имам право да се сомневам дека тоа не е негов доброволен став. Доколку пак изјави дека е тоа негов став, тогаш органите на партијата ќе одлучуваат за неговото членство во Беса“, рече Касами.

Тој додаде дека сепак, додека не ги дознае фактите, ќе размислува во насока сѐ да биде во ред со здравствената состојба на Кастриот Реџепи.

На новинарско прашање дали можеби пријавил исчезнување на пратеник во полицијата, Касами не одговори.

Тој исто така не одговори на прашањето каква е неговата прогноза за исходот од денешната собраниска седница.

Инаку, Кастриот Реџепи се огласи преку Фејсбук со порака дека превагнале интересите на државата од евроинтеграциски аспект и дека затоа решил да не се појави во Собранието. Без неговиот глас опозицијата има недоволни 60 пратеници за гласање за недоверба на Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ