
„И јас немам информации што точно се случува. Тука сум за да видам што се случува“, рече Касами на влегување во парламентот и најави дека подоцна ќе даде изјава за медиумите.
На новинарско прашање дали е изненаден од потегот на неговиот сопартиец, пратеникот Кастриот Реџепи, Касами рече: „Не, од ништо не сум изненаден“.
Инаку, по првата пауза од еден час на барање на заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, нова пауза од еден час побара пратеникот од Левица, Димитар Апасиев.






