
Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе следува предизборна конвенција на кандидатот за градоначалник и листата за советници за Град Скопје.
Караванот своите активности ќе ги заврши на 15 октомври со голем граѓански настан во Куманово.
СДСМ, како што најавуваат оттаму, со својата кадровска и програмска понуда, во овие денови ќе ја посети секоја општина, секое населено место.






