вторник, 5 мај 2026

Јанушев: Преспанскиот договор е завршена работа, но каде што има простор покажуваме пркос

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето зошто така биле изготвени уверенијата за советниците, Јанушев за 24 вести изјави дека веројатно тоа го сториле од штипската изборна комисија и рече дека таму треба да се бара одговорност. Јанушев додава и дека ВМРО-ДПМНЕ не го промени ставот кон Преспанскиот договор, но и дека тој договор е завршена работа.

„За ова разбрав од медиумите, не знам што точно се случило. Од тоа што го прочитав, уверенијата така биле напишани. Не амнестирам некого од одговорност. Ако е така, мислам дека одговорноста терба да се види во општинската изборна комисија, затоа што уверенијата ги издава комисијата, а не градоначалникот. Нашиот став како ВМРО-ДПМНЕ во однос на Преспанскиот договор не се променил. Преспанскиот за нас е завршена работа. Од друга страна, како некој што му пречи придавката, ги разбирам и овие потези. Не го гледам како нешто на кое што треба да му се дава преголемо значење, ниту да му се посветува преголемо внимание. Ако ова го гледаме како прекршување на Уставот, при промената на уставното име, зошто тогаш не го гледавме тоа како кршење на Уставот“ – рече Јанушев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ