Техничкиот премиер на Бугарија Стефан Јанев денеска на средба во Софија со словенечкиот амбасадор во Бугарија Анжеј Франгеш, ја потврдил бугарската принципиелна поддршка за европската перспектива на Република Северна Македонија и Република Албанија, посочувајќи ја неопходноста од поефикасен дијалог и реална волја за решавање на прашањата меѓу Република Северна Македонија и Републока Бугарија, соопшти кабинетот на бугарскиот премиер.
Во соопштението се вели дека акцентот на разговорите во поглед на евроинтеграцискиот пат на Македонија бил ставен врз барањето да бидат исполнети ангажманите во билатералниот договор, но и да се преземат реални активности во врска со заштитата на човековите права и осуда на говорот на омраза.
Јанев на средбата истакнал дека „европските партнери на Бугарија заземаат страна, толерирајќи ја Република Северна Македонија и обвинувајќи ја Република Бугарија без реални аргументирани основи. Тој и додал дека како премиер мора да води грижа за националните интереси на Бугарија.
Јанев и Франгеш исто така го разговарале за почетокот на словенечкото претседателство со ЕУ, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде надежна и сигурна Унија, способна да обезбеди стабилност во нејзиното соседство.
Во тој контекст била истакната клучната улога на трансатлантската соработка и перспективите за развој на државите од Западен Балкан






