вторник, 5 мај 2026

Јакимовски прогласи победа во Карпош: Ова е најсреќниот момент во мојот живот

Објавено на

часот

Сподели

Со десеткувана партија, со украдени пратеници, омаловажуван, оспоруван, притворан, жртва на страшна пропаганда, тргнав во овој поход знаејќи дека го имам народот зад себе како моќен созуз и направивме историја која се вика победа на граѓаните на Карпош“, изјави Јакимовски.

Тој рече дека бил сигурен во победата од оној ден кога се кандидирал за новата функција. Јакимовски вети дека ќе бидат, како што рече, корегирани грешките во водењето на општината и дека ќе бидат решавани дури и лични проблеми на граѓаните.

Рече дека витешки се борел и кажувал кои се проблемите на граѓаните и која е визијата за општината.

„За разлика од противниците кои на Карпош гледаа четири години наназад, јас гледав 30 години нанапред знаејќи ги проблемитге на оваа општина.

„Карпош повторно ќе блесне, ќе биде најразвиена општина, повторно ќе имаме цвеќе по ‘Партизанска’, ќе се спортува и пее, ќе има место за секој граѓанин“, рече Јакимовски и вети дека како и порано ќе се буди во зори и доцна ќе заспива размислувајќи за Карпош и проблемите.

Јакимовски вети дека нема да има реваншизам и рече дека во Општината ќе бидат добредојдени сите граѓани, без оглед на политичката определба и дали гласале за него или не.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ