среда, 6 мај 2026

И пратеници во скафандери дојдоа да гласаат со цел Владата да падне (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Џафери потоа рече: „Се надевам дека нема да добиеме кривична пријава за биолошки тероризам“.

Инаку, во април годинава на седницата на која се гласаше владиниот антиковид-пакет, пратеникот од ДОМ Мирослав Богдановски и пратеничката од СДСМ Бисера Кострадинова исто така беа присутни облечени во скафандери, а присутна беше и пратеничката Снежана Калевска Ванчева, која тој ден излегла од изолација.

Тогаш опозицијата протестираше сметајќи дека е недозволиво болни пратеници да бидат во собраниската зграда, а беше поднесена и кривична пријава која беше отфрлена.

Првпат пратеник позитивен на ковид-19 гласаше Арбен Зибери од ДУИ, на крајот на август минатата година, додека чекаше резултати од тестирањето на ковид-19, поради симптоми на болеста, ама не беше во скафандер , туку изолиран во посебна просторија. Тогаш се гласаше за избор на новата влада на СДСМ и на ДУИ.

Фото: Роберт Атанасовски 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ