„Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година. Суетата на Црвенковски… Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата“, рече Бучковски.
Тој вели дека очигледно Бугарија има сериозен притисок по завршување на парламентарните и претседателските избори да влезе во сериозни разговори и дека доколку во Бугарија конечно има политичка влада, решение ќе имаме во декември
Специјалниот претставник на Владата во преговорите со Бугарија Владо Бучковски смета дека иако навидум изгледа дека дополнително работите се искомплицирале по оставката на премиерот Зоран Заев, сепак во Бугарија сфаќаат што се случило.
Тој верува дека ова е дополнителна инјекција и за оние кои биле најтврдокорни да почнат да размислуваат многу порационално бидејќи, како што вели, „ако се потроши ваков балкански политичар со европски манири и ако повторно во регионот дадеме простор да се враќаме назад во национализмите и поделбите, а да не гледаме напред, ќе имаме посериозни проблеми отколку што денес изгледа оставката на Заев од премиерската функција“, рече Бучковски во дебатната емисија на ТВ 21 „Клик плус“.
„Токму Заев беше тој што не доведе да бидеме толку близу до изнаоѓање на компромисно решение и успеа да ја сврти поддршката на меѓународната заедница и во изминатите 3-6 месеци да изврши исклучителен притисок кон Бугарија“, рече Бучковски.
„Очигледно е дека владејачката коалиција, но и притисокот на меѓународната заедница оди во тој правец да нема брзи парламентарни избори, токму заради можноста која постои, иако велам таа можеби не изгледа реална, но има можност за уште една рунда на преговори со Бугарија за изнаоѓање на решение“, смета тој.
Според Бучковски очигледно Бугарија има сериозен притисок по завршување на парламентарните и претседателските избори да влезе во сериозни разговори и дека доколку во Бугарија конечно има политичка влада, решение ќе имаме во декември.






