вторник, 5 мај 2026

Хоџа: Беса ќе ги поддржи кандидатите на Алијанса/Алтернатива, од нив бараме поддршка за Тетово

Објавено на

часот

Сподели

„Анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена, како и старо-новата коалиција меѓу ДУИ и ДПА за вториот круг на локалните избори, се наметнува јасен став на движењето БЕСА против старите политики на овие две политички партии, кои без никаков принцип и против волјата на своите гласачи се принудени да соработуват само да се заштитат едни со други. Затоа, почитувајќи ги политичките принципи и потребата за промена на политичката сцена, ја изразуваме нашата подготвеност, но истовремено и апелираме во вториот круг на локалните избори сите гласачи на Движењето Беса да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците со што ќе помогнеме во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА. Исто така, бараме од Алијанса за Албанците реципрочно да ги повика своите гласачи да ги поддржаат кандидатите на Движењето Беса во Тетово и Желино. Време е за промени, политичката сцена во наредните години мора да се промени. Затоа сакаме заедно да ја водиме и да ја направиме ова промена“, објави Хоџа.

Претходно, ДУИ и ДПА се договорија за меѓусебна поддршка. Во вториот изборен круг, па лидерот на ДУИ, Али Ахмети очекува поддршка од гласачите на ДПА во општините каде што кандидатите на ДУИ одат во втор круг, како Тетово, Теарце, Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Струга, Чашка, па дури и во Чаир.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи потврди дека со Ахмети го заокружиле договорот што значи дека ДПА ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во сите општини, а во Студеничани ќе има демократска трка меѓу нивните кандидати. 

Договорот, според Тачи, е долгорочен и, како што кажа, наскоро дополнително ќе ги откријат деталите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ