вторник, 5 мај 2026

Груевски ќе биде екстрадиран ако го победам Орбан, вели лидерот на унгарската опозиција

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе ги избркаме криминалните мигранти населени од ФИДЕС. Ќе ги екстрадираме Никола Груевски од Македонија, Заид Нафа од Јордан и други криминални мигранти населени од ФИДЕС“, наведе Марки-Зај во објавата на Твитер.

Груевски доби азил во Унгарија во 2019 година, откако пред три години побегна од земјава по изречената правосилна пресуда за издржување затворска казна.

Здружената унгарска опозиција на прелиминарно гласање организирано минатиот месец го избра 49-годишниот Марки-Зај, кој е градоначалник на Вашархељ, за заеднички кандидат за премиер на Унгарија, кој на парламентарните избори во април следната година ќе му се спротивстави на актуелниот премиер Орбан и неговата конзервативна популистичка партија ФИДЕС.

Според анкетите на јавното мислење, на изборите во април се очекува неизвесна битка меѓу ФИДЕС и коалицијата составена од шест опозициски партии и независни политичари предводена од Марки-Зај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ