вторник, 5 мај 2026

Груби-Ветингтон: На земјата и е потребна стабилност во политиките наспроти енергетската криза која се очекува

Објавено на

часот

Сподели

Груби и Ветингтон на оваа средба разговараа за политичката состојба во земјата, со посебен акцент на локалните избори кои се одржаа во месец Oктомври и периодот по нивното завршување.

Груби истакна дека на Македонија и треба стабилност, предвидливост и дека оставката на премиерот Заев е избрзана.

Првиот вицепремиер Груби му порача на членот на Управниот одбор на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Олин Ветингтон дека на земјата и е потребна стабилност во политиките наспроти енергетската криза која се очекува да ја зафати не само Северна Македонија туку и цела Европа, здравствената криза и не заборавајќи на продолжувањето на разговорите со Република Бугарија, но и строгото спроведување на Преспанскиот договор.

На крајот на оваа средба, Груби му се заблагодари на американската ИРИ што и понатаму е силен поддржувач на Македонија на нејзиниот пат кон развојот и интеграцијата во Европската Унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ