„Оставката на Зоран Заев од премиерската функција, сепак не мора да значи и одржување на предвремени парламентарни избори во Северна Македонија. Самиот Заев во изјавата за оставка повтори дека актуелната влада има уште две и пол години за да го заврши својот мандат и треба да продолжи со својата работа“, пишува АНА-МПА.
Агенцијата ги објаснува можните сценарија и заклучува дека тоа што е сигурно е дека од денеска Северна Македонија има Влада во оставка”.
Информативниот портал „Етнос”, исто така ја пренесува изјавата на Заев дека не се потребни предвремени избори, но пишува и што предвидува Уставот во случај на оставка на премиерот.
Дел од онлајн изданијата на медиумите, како и информативните портали, доцна синоќа веднаш по прес конференцијата на Заев, како вонредна вест, информираа за неговата оставка.






