сабота, 2 мај 2026

Германските избори ги споија Заев и Мицкоски, заедно ги следеа резултатите

Објавено на

часот

Сподели

На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн.

„Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и пиво се следат резултатите од изборната драма во Германија”, пишува во ФБ објавата на Дојче веле.

Меѓу гостите се и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, евроамбасадорот Дејвид Гир и други странски амбасадори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ