сабота, 2 мај 2026

Фон дер Лајен утре во Скопје, со Заев ќе разговара и за спорот со Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Европската Комисија, Ерик Мамер, претходно најави дека Урсула фон дер Лајен во Скопје ќе разговара и за спорот со Бугарија. Како што јави МИА од Брисел, Мамер не изнесе повеќе детали и кажа дека прашањата ќе бидат одговорени на прес-конференциите што ќе ги има претседателката на ЕК.

„Претседателката оди на Западен Балкан да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот, ова се партнери на ЕУ со кои имаме многу силни врски и посетата ќе биде прилика да се разговара за овие односи вклучително и за тоа билатерално прашање„, рече Ерик Мамер, зборувајќи за македонско-бугарскиот спор.

Фон дер Лајен од 28 до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан, почнувајќи од Албанија и Македонија.

Инаку, нејзината посета се реализира една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија со лидерите од регионот. Од Европската Унија велат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“, туку прилика да се разговара за односите на ЕУ и регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ