сабота, 2 мај 2026

ЕУ со поддршка да се зачува статусот на Охрид како светско и културно наследство заштитено од УНЕСКО

Објавено на

часот

Сподели

Тоа го истакна евроамасадорот Дејвид Гир на денешната средба со градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на која се информираше за напредокот на активностите што се преземени од претходната нивна средба до сега.

Георгиески претходно денеска со премиерот Зоран Заев извршија увид на дел од охридското крајбрежје каде што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона.

Тој изрази задоволство што како локална власт покажале решителност, вистинска волја, капацитет и подготвеност „да се соочиме со проблемите и да ставиме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации на најатрактивната зона од заштитениот појас”.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ