петок, 1 мај 2026

ЕУ со неисполнување на ветувањето ги разочара граѓаните, вели Заев

Објавено на

часот

Сподели

„На јасно сме дека до членството ќе поминат можеби уште 5, 7 или 10 и повеќе години, но ЕУ е неопходно да ги исполни своите ветувања, да ни овозможи да го направиме следниот чекор. За жал, ЕУ не го испорача ветувањето пред граѓаните на Република Северна Македонија и сега разочарувањето е навистина големо“, изјави Заев. Според него, европеизацијата и членството во ЕУ немаат алтернатива, пред сè поради вредностите на Унијата кои значат подобра и просперитетна иднина, но земјите од Западен Балкан, кои се како своевиден остров оставен во ЕУ, на овој начин се оставаат на можноста да се соочат со други влијанија.

Што се однесува до нашиот европски пат со Албанија, Заев вели дека станува збор за спојување од практична причина, при што секоја земја треба да се оценува самостојно, иако во слична ситуација се најдовме пред неколку години, но во обратна насока кога патот на Тирана беше блокиран.

Владата, како што вели, преку Договорот од Преспа со Грција и со Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија успеа во еден европски манир да реши децениски прашања. 

Во однос на пречките со Бугарија на нашиот европски пат, Заев е оптимист дека по формирањето на политичка влада во Софија се отвора можност за надминување на овие прашања и вели дека македонската влада го задржува курсот на посветеност и пријателство.

Во однос на борбата против корупцијата, Заев изјавил дека фокусот на Владата бил  да се користат и сите меѓународни успешни алатки за борба со криминалот и корупцијата и има многу добри резултати.

Владеењето на правото и еднаквоста пред законите важи за сите без исклучок, вели тој и додава дека Владата постојано ги следи укажувањата и препораките на независните антикорупциски тела.

„Имаме повеќе од пет високи политичари кои се во затвор со конечна одлука од Основен и Апелациски суд и кои веќе ги отслужуваат своите казни. Ова е голем успех во споредба со периодот од пред четири години и тоа е многу очигледно. Секој граѓанин може да го следи трошењето на државните пари, сите процедури за набавка се јавни пред да се потпишат и да отпочнат. Сега во главниот фокус ни е дигитализацијата, бидејќи преку неа сакаме да го промениме субјективното однесување на јавната администрација“, изјави Заев.

На новинарското прашање, тој информира дека државата и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад, со цел да ја отслужи казната изречена од судот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ