недела, 3 мај 2026

Еден човек, две општини – Оровчанец и советник во Карпош и кандидат во Кисела Вода

Објавено на

часот

Сподели

Од тоа што го прочитавме во Изборниот законик, Оровчанец како кандидат на изборите за советник го исполнува условот да е жител на Град Скопје, како и условите да е полнолетен (има 43 години, н.з.), деловно способен и државјанин на Македонија.

Истите услови ги исполнил кога станал советник во Карпош.

Но има и уште еден битен услов, покрај другите наведени, Оровчанец треба да е жител на општината во која се кандидирал, односно треба да е жител на Кисела Вода.

Истиот услов на Оровчанец, ако е истиот човек, му е потребен за да биде во моментов советник во Општина Карпош, односно, законот вели дека треба да е жител на Карпош.

Прашањето е сега, дали е Оровчанец жител на Кисела Вода? Ако е, тогаш е легитимен кандидат за советник.

Но, ако е жител на Кисела Вода, тогаш како може тој да го има мандатот на актуелен советник во Карпош и да учествува во работата на Советот каде се носат одлуки од значење за таа општина? Со други зборови, треба да му е предвремено престанат мандатот во Карпош поради промена на жителството.

Додека од Државната изборна комисија го очекуваме одговорот за оваа дилема и до која поставивме директни прашања, а објаснување побаравме и од СДСМ; реакција имаат учесници на претстојните локални избори од листата Независни за Карпош – За заштита на Карпош. Во писмената реакција велат:

„Актуелен советник на општина Карпош и на листа за советници на СДСМ за општина Кисела Вода, со исто име и презиме, а според нас и лик – Димитар Оровчанец. Ако тоа е истата личност, како може: жител на општина Кисела Вода, ама советник во Карпош“!?

Од оваа независна листа потсетуваат на одредби од Законот за локална самоуправа каде се вели дека на членот на советот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако престане да биде жител на општината.

„Тогаш има кршење на закони ‘уздуж и попреко’ и не, овој пат не може да се извадите на формално – правното повикување, бидејќи формално-правно сте од другата страна”, порачуваат од Независни за Карпош – За заштита на Карпош и нагласуваат дека ако Оровчанец е жител на Кисела Вода дека тогаш одлуките донесени на седницата на Советот на Карпош не се валидни и треба веднаш да се прогласат за невалидни.

Во Изборниот законик е наведено: „кандидат за член на совет и градоначалник може да биде граѓанин со постојано живеалиште во општината и градот Скопје каде што се врши изборот”.

Во Законот за локална самуправа пак, во членот 46 се вели дека мандатот на членот на советот престанува „ако претстане да биде жител на општината” и уште е прецизирано дека мандатот престанува со денот на исполнување на тој услов.

Дали во Македонија се е можно?

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ