До крајот на пописот остануваат уште три дена за пописните активности.
Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf
Пописот на населението, домаќинствата и становитево Македонија, официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември, додека пак во дијаспората непрекинато се одвива од 1 март преку електронска апликација за самопопишување. Со осложувањето на пописот за есенва поради тогашниот трет бран на коронацирусот, не беше прекинат пописот на македонски државјани кои живеат во странство подолго од една година.






