сабота, 2 мај 2026

Димитров: За случајот со Миленкоски МВР беше навремено информирано

Објавено на

часот

Сподели

Миле Миленкоски, македонски дипломат од македонската мисија во ОБСЕ во Виена од 27 август е во екстрадициски притвор во Врање, Србија, по издадена потерница од Ерменија.

„Во МНР има записи од писмена комуникација со МВР за овој случај. Кога добивме информација дека ќе почне истрага во рамките на МВР, од таму добивме прилично штури информации. За таа работа ние ги информиравме безбедносните агенции и во фајлот за вработениот ги има сите овие информации. Дипломатски пасоши добиваат тие што имаат дипломатски статус. Дипломатскиот пасош може да се одземе кога ќе се одземе безбедносниот сертификат, а тоа е во надлежност на безбедносните агенции. МНР нема капацитет да врши безбедносни проценки“, рече Димитров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ