вторник, 5 мај 2026

Дерала: Вториот изборен круг е потензичен

Објавено на

часот

Сподели

Според Дерала, првпат на овие избори е забележана голема нетрпеливост кон набљудувачите.

„Ако досега имало по седум до десет или 30 случаи кога набљудувачи биле попречувани од избирачките одбори, сега, само во првиот круг, се регистрирани 76 такви случаи, што е повеќекратно зголемување.

Дерала соопшти дека во на избирачкото место 2589 во Ѓорче Петров на набљудувачот на Цивил му било приговорено дека носи беџ без име и презиме иако според кодексот објавен на ДИК, стои дека е доволно набљудувачите да носат беџ од органзиацијата и лична исправа. Во ОУ „Пенко Здравковски” во Бутел, пак, на избирачкото место 2919, неовластено лице без ознака и идентификација се обдидело да легитимира набљудувач на Цивил, но ова недоразбирање е, сепак, надминато.

За да се попречи набљудувањето или од незнаење се бараат нови и нови работи од нашите набљудувачи и тоа не е демокртатски и упатно, ние сме тука да помогнеме во изборниот процес“, рече Дерала.

Групно или семејно гласање набљудувачите забележале во Бутел на избирачкото место 2919/1 и во Куманово на избирачките места 1017/1 и 1042, забележано било агитирање за гласање, пеење народни песни на избирачко место, гласно изговарање на имињата на гласачите. 

Цивил утрово евидентира и проблеми со фингер апаратите, повреда на избирачко право на лица со попреченост, како и повреда на ковид протоколите и непочитување на мерките за време на гласањето во две избирачки места во една просторија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ