„Во светот има 50 држави каде што се користат вакви уреди, меѓутоа секако тоа се држави каде што треба да има. Имавме најсвеж пример од референдумот каде утврдените резултати ни укажуваат дека имало гласање за 7, за 9 секунди, значи сите тие недостатоци ќе се отстранат и сметам дека ќе имаме подобар фидбек, подобар осврт на работите како навистина стојат. Тоа би требало да биде така бидејќи ние се стремиме кон НАТО и ЕУ, не треба да си дозволиме такви експерименти, да гласаме за неколку секунди. Од друга страна тоа влева поголема сигурност на изборите доколку реално се почитуваат тие гласања, а ако не се почитуваат вметнато е во законот дека на тие места каде што не се почитува законот гласањето може да се поништи“, вели Даштевски, запрашан колку е чекор кон демократија да им се проверува отпечаток од прст на гласачите за време на изборите.
За тоа какви мерки се преземени за заштита на личните податоци коишто ДИК ги добива од МВР за употреба на овие апарати за проверка на отпечаток, по искуството со хакерскиот напад на минатите избори, Даштевски посочува дека за овие податоци се преземени специјални мерки.
„Што се однесува до овие апарати, тие ќе бидат ‘офлајн’, нема да бидат вклучени на интернет, така што нема да може да бидат напаѓани. И серверот со кој ќе се полнат и празнат ќе биде ‘офлајн’, бидејќи податоците се кај нас, ќе се преземат на тој сервер и ќе бидат криптирани“, вели Датшевски и додава дека за безбедноста на податоците ќе се грижи цел тим од ИТ инженери, а посебен тим ќе се грижи само за апаратите за отпечатоци на прсти.






