вторник, 5 мај 2026

Даштевски: Излезноста до 18.30 часот е 48,88 отсто од гласачите со право на глас

Објавено на

часот

Сподели

„Гласањето беше фер и демократско со мал број на изолирани инциденти, а со уредите за идентификација се работеше добро, со мал број проблеми во раните утрински часови“, рече Даштевски

Тој информира дека гласањето по 19 часот продолжува за 2 часа и 55 минути во општината Центар на избирачките места 2867/1, 2831 и 2815, потоа за исто толку време и во  Сарај на избирачките места 2433 и 2435, додека за 2 часа ќе се продолжи гласањето во избирачкото место 2438.

Во Карпош на избирачкото место број 2652 ќе се продолжи гласањето за 2 часа и 30 минути.Во Чешиново Облешево на гласачкото место 0887 гласањето продолжува за 1 час и 11 минути, во Зелениково на избирачкото место број 2373 за 2 часа и 15 минути, во Пробиштип на едно место се продолкжува гласањето за 1 час и 55 минути, како и во Долнени за 1,30 часа на едно избирачко место, рече Даштевски.

Пребројувањето на гласовите започнува веднаш по затворањето на избирачките места во кои изборните одбори составуваат извештаи и ги доставуваат до нас.

Со први резултати можеби околу полноќ ДИК ќе се јави, рече Даштевски.

Инаку, до ДИК поднесени биле  739 приговори за лично избирачко право, од кои 642 се прифатени, 45 се одбиени, а за 52 приговори е констатирано дека во избирачкиот список се наоѓаѓаат гласачите кои ги поднеле приговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ