вторник, 5 мај 2026

Даштевски: Гласањето се одвива во сите избирачки места, излезноста до 9 часот главно под 10 проценти, просекот е 5,25 отсто

Објавено на

часот

Сподели

Таму каде што гласањето било прекинато повеќе од час време, за толку време ќе биде продолжено гласањето по 19 часот, рече Даштевски.

До 9 часот излезноста е 5,25 отсто од гласачите, односно гласале 56.700 гласачи од вкупниот број на запишани гласачи, рече Даштевски.

Во Ранковце процентот на излезност е 15,23, Конче 14,28, Пехчево 13,73, Лозово 11,89, Зелениково 11,85, Кратово 11,02, Пробиштип 10,94, Демир Хисар 10.88, Вевчани 10,51 и Ресен 9,18, а другите општини се под 9 проценти на излезност, рече Даштевски.

На 2.480 избирачки места во 44 општини и во Град Скопје гласаат 1.353.990 гласачи, потсети Даштевски и рече дека во Дебар на едно избирачко место и во Шуто Оризари, исто така на едно избирачко место, се повторува првиот изборен круг.

„Сега за сега нема неправилности на гласачките места. За граѓаните е активен бројот 0800 555 44, како и мобилен број 076 488 360 за граѓаните со оштетен слух кои преку видео врска на знаковен јазик ќе добијат објаснување за своето прашање.

На новинарско прашање Даштевски рече дека проблемите сега ќе се надминуваат полесно имајќи ја предвид техничката поддршка и искуството од првиот изборен круг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ