вторник, 5 мај 2026

Да се обединиме, без граѓаните ниту една партија не е ништо, велат од СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

„Владата покажа дека може да води напред само ако и општините туркаат напред. Како одговорна и домаќинска партија покажавме дека економскиот раст е можен ако и општините инвестираат во реални капитални проекти, наместо во барокни фасади, жални врби и споменици. Власта предводена од СДСМ може да се грижи за потребите на секој еден граѓанин ако тоа го прават и општините, а не да крадат пари од општинскиот буџет за училишен превоз како што тоа беше случај во Битола.

СДСМ постојано покажува и докажува дека работи единствено со и за граѓаните, бидејќи знаеме дека без граѓаните ниту една партија не е ништо и затоа ќе продолжиме да работиме заедно со граѓаните и исклучиво во нивен интерес. Да се обединиме на 31 октомври за да продолжи растот на платите, пензиите, стипендиите и социјалната помош,за парите и понатаму да завршуваат во семејните буџети, во развојот, во мостови и железници, во булевари и водови, а не во палми, галии и криминални тендери. Да се обединиме и да гласаме за број 12 да продолжи развојот на општините“, нагласуваат од СДСМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ