вторник, 5 мај 2026

Брисел не ја коментира оставката на Заев, ама вели реформите треба да продолжат

Објавено на

часот

Сподели

Што се однесува до самите избори, Европската комисија смета дека според извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, изборите биле конкурентни и дека се почитувале темелните слободи. Изборната администрација е пофалена за справувањето се „некои административни недостатоци од првиот круг“.

„Сепак негативната реторика и наводите дека имало притисоци врз гласачите и кандидати продолжија да влијаат врз изборите“, вели портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.

Комисијата бара од властите и сите инволвирани чинители „навремено и на инклузивен начин ефективно да се справат со преостанатите препораки на ОБСЕ/ОДИХР“.

„Ги охрабруваме новите градоначалници и членовите на општинските совети да придонесат кон напредување на ЕУ агендата за реформи во интерес на сите граѓани“, велат од Брисел.

Сепак, од Комисијата нема одговор на прашањето дали Европската Унија чувствува каква било одговорност за изборните резултати и оставката на премиерот поради блокираните евроинтеграции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ