Како што објави Борисов на својот фејсбук профил „претставниците на бугарското малцинство во Северна Македонија“ му се пожалиле дека се чувствуваат како фантоми бидејќи „претседателот и премиерот на Северна Македонија со нив се однесуваат така како да не постојат“.
„Пред нив реков дека гарантирам со моето име дека нема да имаме разговори со Северна Македонија додека бугарското малцинство не биде внесено како такво во Уставот. Тие знаат дека нашата поддршка како власт или опозиција за нив зависи од признавањето на бугарското малцинство. За тоа веднаш се разбрав со Еди Рама, истото го очекувам и од Зоран Заев. За Бугарија е исклучително важно Северна Македонија и Албанија да се во Европската Унија“, пишува во објавата Борисов.
Во контекст на спорот со Македонија, тој на претставниците на македонските Бугари им рекол дека Бугарија во последните месеци западнала во меѓународна изолација, а демократските држави се исмејувале со нивната слаба дипломатија.
„Бугарија се тресе од скандали, наместо да дебатираме за важни теми како односите со Северна Македонија и ковид-кризата“, вели Борисов.
Македонските Бугари, пак пред него кажаа дека тие биел автохтониот народ во Македонија и дека не дошле во земјата во 1992 како Бошњаците или во 1918 година како Србите.






