понеделник, 25 мај 2026

Беса апелира до СДСМ и ДУИ да престанат со притисок врз пратениците

Објавено на

часот

Сподели

„Движењето Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата. Исто така, апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето Беса. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Македонија се во опасност“, пишува во партиското соопштение.

Движењето Беса уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси и смета дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Македонија.

Од партијата додаваат дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Македонија. Беса, како што стои во соопштението, ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија, како и борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ