сабота, 2 мај 2026

Арсовски: Шилегов и Весковски прво сработиле, па распишале тендер

Објавено на

часот

Сподели

„ЈП Водовод и канализации, директорот кој беше доскорашен трет човек во партијата и еден од милениците на Петре Шилегов, Душко Весковски, секоја година како директор склучува рамковна спогодба за изведување на работи и реконструкција, доградба и замена на водоводни мрежи. Така и минатата година, Весковски потпишал рамковна спогодба врз основ на тендер со пет фирми, уште во април 2020-тата година. Вредноста на тендерот за реконструкција на водоводна мрежа е околу 2 милиони евра без ДДВ секоја година. По потпишување на оваа рамковна спогодба, за секоја реконструкција на која било мрежа која што сака да ја прави ЈП Водовод и канализација, мора да има тендер помеѓу овие 5 фирми, односно бирање на најповолен понудувач и се прави негативно наддавање, односно единствен услов е да има најниска цена и најповолен понудувач помеѓу овие пет фирми за реконструкција на одредена мрежа.

Фирмата која ќе биде деновиве предмет на интерес, една од оние пет фирми кои потпишале рамковна спогодба, е фирмата КБК инженеринг, чии сопственици се сметаат дека се многу блиски до СДСМ како партија.

Директорот на ЈП Водовод и канализација Весковски одлучува да ја реконструираат водоводната мрежа на улица „Варшавска“ во Карпош и реконструкцијата почнува на ден пред избори, на 14-ти јули 2020-та година, а реконструкцијата ја прави фирмата КБК Инженеринг. За сето ова ние имаме и докази кога започнала реконструкцијата, односно кога траела што дополнително ќе биде обзнането. Реконструкцијата завршува некаде кон крајот на август, по што на улицата „Варшавска“ почнуваат други активности за реконструкции, но за тие ќе говориме во некоја следна прилика. КБК инженеринг почнува со работа на 14 јули, но почнува без да има одбирање на најповолен понудувач за која од овие 5 фирми да ја добие работата. Фирмата ја завршува работата во втората половина на август.

Одлука за најповолен понудувач се носи дури на 6 октомври, а договорот е потпишан на 9 октомври помеѓу ЈП Водовод и КБК инженеринг за реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“, која што веќе е завршена.

Согласно договорот вредноста на реконструкцијата е приближно 300.000 евра со ДДВ. Ова е класично несовесно работење во служба казниво според член 353 од Кривичниот законик“, рече Арсовски и додаде дека поседуваат и други докази и документација за целиот овој случај и дека е ова само вовед во сето она што следува.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ