вторник, 5 мај 2026

Арсовска со предност пред Шилегов

Објавено на

часот

Сподели

Од скопските општини, Шилегов води во Сарај со 70,01 отсто спрема 27,75 отсто за Арсовска, во Центар со 49,33 отсто спрема 45,57 отсто за Арсовска, во Чаир каде Шилегов засега има 59,85 посто, а Арсовска 34,65% и во Шуто Оризари каде Шилегов засега има 48,94 проценти, Арсовска 44,69 проценти.

Арсовска, според досегашните резултати, води во сите останати скопски општини, Карпош, Аеродром, Кисела Бода, Гази Баба и Бутел.

Во скопските општини, каде што се избира градоначалник, од пребројани околу 15 проценти од гласачките места во Чаир води Висар Ганиу од ДУИ со 54,21 процент, пред Беким Сали од АА/А со 40,73 проценти, во Центар води Горан Герасимовски од СДСМ со 50,77 проценти пред Наташа Котлар од ВМРО-ДПМНЕ со 44,65 проценти, во Карпош води Стевчо Јакимовски со 50,81 од ГРОМ пред Душко Весковски од СДСМ со 43,76 проценти и во Шуто Оризари Ферад Асан од СДСМ со 51,90 οτστο пред Курто Дудуш од ЛДП/ДОМ со 43,67 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ