
„Заканата, уцената или другите форми на влијание се показател за инсталирање режим кој е ставен над волјата на народот. И покрај сѐ, Движењето Беса ја продолжува војната. Одиме по нашиот свет пат за да го победиме злото!“, пишува Хоџа и додава дека секој поединечно ќе одговара за своите постапки, додека Движењето Беса „продолжува со политичкото патување“.
Тој уште додава дека соработката на опозицијата со Алијансата за Албанците и Алтернатива „ќе продолжи до последното уривање на овој режим“.






