
„Според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за невалиден. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот“, вели тој.
Пописот на населението, домаќинствата и становите официјално започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември, а според податоците од Државниот завод за статистика, до вчера во 20 часот се попишани вкупно 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193.370 лица.






