среда, 6 мај 2026

Апасиев побара еден час пауза, седницата за доверба на Владата никако да започне

Објавено на

часот

Сподели

Откако помина едночасовната пауза која беше дадена по барање на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи опозицијата нема доволен број присутни пратеници за успех на иницијативата за гласање недоверба на Владата имајќи предвид дека пратениците кои ја поддржуваат Владата вооопшто не влегоа во салата за пленарни седници, процедурален збор побара пратеникот и лидер на Левица Димитар Апасиев.

Во кусото обраќање тој побара Талат Џафери да се врати во салата и да ја води седницата. Апасиев се повика на собранискиот Деловник.

„Според членовите 60 и 61 од Деловникот, претседателот на Собранието  свикува и одржува седница, а потпретседателите на Собранието му помагаат. Во случај на спреченост или отсустност на претседателот на Собранието него го заменува еден од потпретседателите. Значи, Деловникот познава две ситуации – спреченост и отсутност. Видовме дека претседателот Џафери е присутен во зградата, значи не е отсутен или спречен, затоа барам еден час пауза тој да дојде и да ја води седницата“, рече Апасиев.

Потпретседателот на Собранието Фадил Зендели, кој ја води седницата, рече дека согласно деловникот и искажаното барање од пратеникот дава еден час пауза.

Инаку, Талат Џафери денеска само ја отвори седницата по што кажа дека не е потписник на иницијативата за гласање доверба на Владата и дека не ја поддржува и дека како и останатите пратеници кои не ја поддржуваат иницијативата, нема да присуствува на седницата. Џафери повика еден од потпретседателите да ја води седницата, по што ја напушти собраниската сала.

Пратениците од СДСМ, ДУИ и помалите партии и независни пратеници кои се или во коалиција со СДСМ или ја поддржуваат Владата, решија денеска да не влезат во салата како дел од стратегија со која иницијаторите за уривање на Владата ќе мора самите да обезбедат кворум за работа.

Иницијаторите во моментов располагаат со гласовите на 60 пратеници, а потребниот 61 глас недостасува откако Кастриот Реџепи од Беса, иако потпишан на иницијатвата, не дојде на седницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ