среда, 6 мај 2026

Апасиев: Крај на заевизмот, ДУИ конечно во опозиција, овој договор не значи коалицирање

Објавено на

часот

Сподели

„Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!  Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка.

Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ.

Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа.

За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство“, напиша Апасиев.

Во еден друг свој пост Апасиев го цитираше Владимир Илич Ленин: „[Во политиката] не може да се победи ако не си се научил правилно да настапуваш и правилно да отстапуваш”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ