
За ниту една партија или нема да гласаат рекле 24,9% од анкетираните, а сѐ уште не одлучиле или не кажуваат 22,9 % покажа телефонската анкета за рејтинзите на политичките партии и изборот на градоначалници во Град Скопје и неколку поголеми градови во државата.

За Скопје во предност од 2,2 отсто е независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска пред кандидатот на СДСМ Петре Шилегов (24,2% : 22 %). На трето место е Перо Георгиевски, кандидатот на Левица (9,4%).

Интересни се резултатите за кандидатите за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, каде во предност се предложените градоначалници на Алијанса за Албанците пред кандидатите на ДУИ. Во Гостивар убедливо е водството на Арбен Таравари, а во Тетово, Вулнет Мурсели од Алијанса за Албанците е во предност пред Теута Арифи, актуелната градоначаничка од ДУИ.

Алијанса за Албанците со Идри Истрефи е во поголема предност пред Рамиз Мерко од ДУИ (23% : 16,3 %).
Во Куманово и оваа анкета ја потврдува предноста на независниот кандидат (довчерашен член на СДСМ) Максим Димитриевски.

Истражувањето за рејтинзите на политичките партии е реализирано на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници. При спроведувањето на анкетата се запазени демографските карактеристики (пол, возраст, образование, урбана/рурална средина). Маргиналната грешка е ±2%.
Истражувањата за избор на градоначалници се реализирани на репрезентативен примерок од 500 испитаници во Град Скопје, Тетово, Куманово и Струга. Маргиналната грешка за овие анкети е ±4%.






