„На ваков начин на мирољубив начин во нетипичен стил испративме порака до локалните политичари и оние од главниот град, кои за Битола се сеќаваат само во предизборни кампањи и тогаш кога треба да се фотографираат. Легнувајќи на гламурозниот црвен тепих им порачавме на гостите слободно да газат и да минуваат преку нас, затоа што како битолчани навикнати сме веќе 30 години да нè газат без око да ни трепне“, стои во објавата на Левица од Битола.
Двајцата припадници на Левица по кратко беа отстранети од црвениот тепих.






