среда, 6 мај 2026

Ако изјавите со Република Македонија се прогласат за невалидни, штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе се жалат на Управен суд

Објавено на

часот

Сподели

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов за МИА изјавил дека по решението на инспекцискиот надзор ќе знаат што да преземат понатаму.

Според Иванов, доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО-ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, ништовни, исто како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, тие ќе се жалат пред Управниот суд. Но, како што вели, ќе се произнесат откако ќе помине надзорот.

Советниците на СДСМ кои ја напуштија конститутивната седница се на став дека Уставот е прекршен и заклетвата, како и одлуките по неа се невалидни и тие ќе го чекаат официјалното правно толкување за овој случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ