среда, 6 мај 2026

Ахмети не верува дека Беса ќе излезе од Владата, нивните изјави се вршење притисок

Објавено на

часот

Сподели

„Сметам дека нема да се случи Беса да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да ѝ биде од полза на таа партија. Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз владејачката коалиција, но коалицијата нема да биде оштетена од таквите изјави или слични притисоци. Пред сѐ, тоа не е добро затоа што тие изјави значат притисок врз институциите кои мора да го спроведат законот. Изјавата на Арјанит Хоџа е само емотивна”, изјави Ахмети во Собранието на Македонија.

Хоџа синоќа преку Фејсбук изјави дека „Во Желино се роди една партија (движењето Беса), во Желино може и да се растури една Влада”. 

Инаку, Беса веќе ја имаше запишано на своето салдо општината Желино каде кандидатот на таа партија освои 59 гласови повеќе од кандидатот на противкандидатот од редовите на ДУИ, коалициски партнер на Беса во Владата.

ДИК ги прифати приговорите на ДУИ за гласањето на едно избирачко место во Желино и донесе одкука за прегласување бидејќи има можност за промена на изборниот резултат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ