Ахмети рече дека очекува по изборите државата да продолжи да чекори напред и верува дека ДУИ ќе помогне во изградбата на вредности за добро на државата.
„Процесот на гласање се одвива многу добро, посакувам така да биде до крајот, до затворањето на гласачките места. Изборите се и култура, семеен и државен празник, на кои се демонстрираат вистинските демократски вредности. Ние сме земја на прагот од почеток на преговорите со ЕУ и овој изборен процес секако помага за вредностите што ги градиме како држава. На крајот од процесот, им посакувам на сите страни со мудрост и разум да ги прифатат резултатите и потоа да работиме напорно во исполнувањето на нашите обврски, како во однос на исполнувањето на нашите обврски кон европските процеси, така и кон животниот стандард на граѓаните“, им изјави Ахмети на новинарите.
Тој нагласи дека посакува да има повеќе дијалог во државата и компромис меѓу партиите затоа што, како што рече, тоа е важен процес и вети дека ќе работи на тоа да се постигне разбирање меѓу политичките фактори.
ДУИ во вториот круг од локалните избори учествува во 14 општини.






