Ахмети наведува дека тој и неговото семејство се вакцинирани уште во мај бидејќи, „тоа е единствениот начин преку кој можеме да се справиме со овој смртоносен вирус“.
Дека болеста е широко распространети, Ахмети наведува дека секојдневно добива кобни вести од своето блиско опкружување.
Само во последните 24 часа од ковид-19 почина братот на пријателот Бекир Асани, заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на неговиот пријател Невзат Бејта.
„Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани уште од месец мај, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и апелирам за масовна вакцинација, и за почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена… Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!“, се вели во соопштението на лидерот на ДУИ.






