вторник, 5 мај 2026

Адеми: Одлуката на Заев е избрзана, изборите беа за локални теми, а не за национални политики

Објавено на

часот

Сподели

Но, за националните политики како договорите со Грција и Бугарија, Законот за јазиците, преговорите, во текот на оваа кампања опозицискиот блок не дал одговори.

„Мое лично мислење е дека е избрзана одлука од страна на премиерот, бидејќи не се тестираше легитимитетот на партиите или на Владата за националните политики. Ако дискутираме за националните политики, тогаш ајде да дискутираме за најважните прашања со кои се соочува државата. Што со Договорот од Преспа, што со Договорот со Бугарија, што со Законот за употреба на јазиците, што со преговарачката рамка што треба да се усвои, што со одржување на првата меѓувладина конференција со која ќе отпочнат преговорите со ЕУ апропо дијалогот со Бугарија? За овие прашања не се дискутираше. На пример, и во рамки на опозициската коалиција од страна на Алијанса за Албанците и Алтернатива воопшто немаше одговор за ваквите најкрупни прашања со кои се соочува државата. Затоа велам дека некои теми и прашања се помешаа на овие избори бидејќи целосниот фокус беше на локални прашања“, рече Адеми во отвореното студио на ТВ Сител.

Според него, од партиите не треба да има избрзани и емотивни реакции и треба да се држи овој развоен курс. Прво, вели, ќе се анализираат резултатите па ќе се преземат одредени чекори.

„Јас бев љубопитен и пред вториот изборен круг да дознам кој е ставот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, визави овие прашања што се многу значајни. Како претставник на ДУИ, сметам дека треба да го држиме овој развоен курс кој нуди перспектива за граѓаните, немаме време за чекање, авантури“, рече Адеми.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ