сабота, 2 мај 2026

Адеми: Дали Џафери ќе го прекршеше Уставот ако зборуваше на англиски јазик?

Објавено на

часот

Сподели

Интерпелацијата поднесена за претседателот на Собранието Талат Џафери од нејзините подносители има дневно политички цели и се разбира дека ДУИ нема да ја поддржи, изјави координаторот на пратеничката група на интегративците Арбр Адеми. Тој нагласи дека македонскиот парламент е пример и внатре и во регионот за институција со дигнитет.

„Собранието е пример кој се следи и од другите земји, а за тоа говорат другите, а не само ние“, рече Адеми.

На конкретното прашање од новинарите дали ДУИ смета дека Џафери сепак го прекршил Уставот зборувајќи во странство, како официјална личност, на албански јазик, Адеми одговори со потпрашање:

„Доколку претседателот на Собранието Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали би го прекршил Уставот? Ако зборуваше на англиски јазик никој ништо овде немаше да каже. Сега, бидејќи зборувал на албански јазик, изгледа како тоа некому тоа да му пречи, а всушност и не му пречи, туку само бара дневно – политички поени”, рече Адеми.

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за претседателот на Собранието, Талат Џафери откако на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан” официјално се обрати на албански јазик што, како што образложија пратениците Гордана Силјановска-Давкова и Димитар Апасиев, е спротивно на Уставот на државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ