сабота, 15 ноември 2025

Поднесено обвинение за несреќата во која загина работник на сепарација на Вардар

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци поднесе обвинение против неготинчанец за тешки дела против општата сигурност и за предизвикување општа опасност, информира денеска Јавното обвинителство. Одговорност се бара и од фирмата каде сопственик и управител е обвинетиот. Обвинеието доаѓа откако при несреќа загина работник работејќи на сепарција на Вардар.

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството водеше истрага за несреќата што се случи на 21 јули 2021 година кога обвинетиот управител и фирмата, при извршување работи на сепарација на реката Вардар, воопшто не постапувале според прописите и мерките за заштита, го прекршиле Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа, а како последица еден работник го загубил животот, додека друг се здобил со телесни повреди, велат од Обвинителството.

„Без да склучи договор за вработување, без воопшто да провери дали оштетениот ги исполнувал условите за работа, како и без да му овозможи услови за безбедно извршување на работните задачи, управителот го ангажирал сега починатиот Петар Мицев и му овозможил да управува тешко моторно возило – камион на сепарацијата, без да провери дали тој има соодветна возачка дозвола за наведениот тип возило. На 21 јули 2021 година оштетениот со камионот во сопственост на правното лице вршел превоз на песок од реката Вардар до сепарацијата кај местото викано ‘Пумпите’, а како совозач во камионот бил и другиот оштетен. Поминувајќи низ импровизирана патека, односно тесен насип од чакал на кој од двете страни било течението на Вардар, во еден момент камионот се превртел и паднал во реката. Совозачот успеал да излезе од прозорецот на возилото и да исплива на брегот, здобивајќи се со телесни повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал“, информираа од Јавното обвинителство.

Во текот на истрагата, додаваат оттаму, јавниот обвинител обезбедил докази и против еден вработен во „Водостопанство“ подружница Тиквеш-Кавадарци, кој во својство на службено лице – оператор на главни испусти/затворачи и одговорен претставник на претпријатието бил присутен на сепарацијата и со свој службен потпис заверил повеќе испратници со невистинита содржина. Со тоа овој обвинет се товари дека сторил продолжено кривично дело фалсификување службена исправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ