Според обвинението, обвинетиот вршел притисок да не се одобри увоз на вештачко ѓубриво на фирма која се занимавала со негово производство и увоз, иако фирмата и претходно повеќепати увезувала ваков вид стока. Притоа влијаел врз фитосанитарен инспектор на граничен премин, да не го одобри влезот на стоката во државата, поради што таа неколку дена била задржана на граничниот премин.
„На 13.03.2026 година обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници“, информираа од ОЈО ГОКК.
Со обвинението е поднесен и посебен предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот директор поради постоење на истите околнистите заради кои и претходно беше определена мерката притвор.






