четврток, 26 март 2026

Од полноќ поевтинуваат горивата

Бензините и евродизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на екстралесното масло за домаќинството се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09 проценти.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе биде 73 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 75, еуродизел БС (Д-Е V) за 66,5 денари, а  екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 65,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,248 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,635 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,932 отсто, кај дизелот за 4,357, кај екстра лесното масло за 1,790 и кај мазутот за 1,013 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1167 отсто.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ