петок, 7 ноември 2025

Обвинителството отвори истрага против 32 осомничени за злоулотреби во болницата во Прилеп

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција (УФП), Основното јавно обвинителство (ОЈО) Прилеп денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против 16 луѓе и седум фирми, додека уште девет други луѓе се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка. Тие се осомничени за кривичните дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство како и проневера во службата. Со пријавата се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството исто така ги испитува, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничените, како соизвршители, учествувале во дејствија со кои свесно ги повредувале прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп со намера за себе или за друг да остварат значителна имотна корист, односно да предизвикаат значителна имотна штета на болницата, што е поткрепено и со наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

„Осомничените, меѓу кои поранешната директорка, раководители и други вработени vo болницата, но и управители на осомничени правни лица, преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на буџетот на болницата Борка Талески од 42.726.978 денари“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка доставило предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, додека за останатите 19 се предложени мерки на претпазливост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ